Весковски: Се обединуваме околу Стефан Богоев, кој ќе ја донесе победата уште во првиот круг

Си го враќаме Карпош, сложни, обединети и единствени! Кога тргнавме во оваа битка, калкулациите и личните интереси ги ставивме на страна, приоритет дадовме на големата слика и интересот на граѓаните на општина Карпош. Се обединуваме околу Стефан Богоев, како мој другар, квалитетен човек и иден градоначалник на Општина Карпош, кој ќе ја донесе победата уште во првиот круг од локалните избори!
Сакам да Ве информирам, дека ја имам честа да бидам Носител на Советничката листа на СДСМ и коалицијата за Карпош и да бидам шеф на Изборниот штаб. Заедно ќе бидеме во секое маало, населено место и домаќинство презентирајќи ја Програмата за нова енергија во Карпош. Покажуваме дека волјата за промени, за зелен и чист Карпош е многу посилна од гласините на немоќниот Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ! Карпош може подобро, заслужува повеќе!

Душко Весковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e