Вчера се асфалтираше во Добрејци, денеска во Дабиле

Продолжува асфалтирањето на улиците во населените места планирани во првата фаза на овој градежен зафат на општина Струмица. Вчера се асфалтираа две улици во населеното место Добрејци, а исто толку денеска и во Дабиле.
Во оваа прва фаза досега се асфалтираше во Куклиш и Градско Балдовци, а асфалт ќе се поставува и на улици во Габрово, Рич, Костурино, Муртино, Вељуса и Попчево.
Асфалтирањето се врши согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година и се реализира со средства од општинскиот буџет.

21751468_1405122879541138_7044376911769676127_n

21740424_1405122876207805_6331461914487601335_n

21728434_1405122989541127_2981392768952784297_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e