Актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски и кандидат за уште еден мандат на претстојните локални избори, денеска се обрати пред своите сограѓани.
Тој се заблагодари за довербата од граѓаните в изминатите четири години и се обрати до сите гласачи без оглед на партиската припадност.
Ви го пренесуваме во целост обраќањето на Митовски:
Влегуваме во финишот на оваа предизборна кампања.Не делат само уште два дена — два дена во кои секој од вас ќе треба да донесе најважната одлука:во каков град сака да продолжи да живее, да создава, да ја гледа иднината на своите деца.
Најпрвин, од сѐ срце сакам да Ви се заблагодарам што ми ја доверивте честа во изминативе четири години да Ве водам.За мене тоа беше најголемиот благослов и света обврска.
Исто така, искрена благодарност до секој еден од вас што во овој период, со својата поддршка на улица, на пазар, во продавница, на малска средба беше мојата верна потпора.Токму таа ваша поддршка беше и остана мојата најголема сила.
Драги мои,
Денес Ви се обраќам до секој еден гласач без разлика на партиска определба.Иако цврсто верувам дека во Крива Паланка одлуката е веќе донесена,но сакам само за миг да се потсетиме….







И сето ова не се инфраструктурни проекти. За нив нема ни потреба да зборуваме, затоа што секој еден од вас е жив сведок на големата промена што и се случи на Крива Паланка.
Денес сакам да зборувам за работи кои значат љубов кон градот, кон луѓето, кон мајките, пензионерите, децата, љубов преточена во секоја мерка, во секоја активност, во секој наш заеднички успех.
На крајот на денот, многумина ќе се запрашаат:,,Дали сето ова е работа на еден градоначалник?“ А јас, со особена гордост, ќе кажам – ДА!
Зашто немаше ништо поубаво во мандатот од тоа да ги гледаш своите сограѓани среќни и горди во сопствениот град,да ги гледаш како се радуваат на својот град,како повторно веруваат дека тука, дома, може да се живее убаво.
Нема ништо повредно од тоа.
Нема ништо посилно од насмевка на задоволен сограѓанин. Вашата насмевка беше мојата најголема награда.
Верувајте секоја вечер кога си легнував, ги броев насмевките на луѓето што ги сретнував,и знаев дека сме на вистинскиот пат.
Затоа, драги мои Кривопаланчани,
денес, на последниот работен ден од мојот мандат,со чисто срце и горда совест,Ви се обраќам и ја барам Вашата поддршка за следниот четиригодишен мандат.
Мандат во кој од петни жили ќе се бориме за секој нов проект,за секоја нова инвестиција,за секоја нова насмевка.
Мандат во кој ќе продолжиме да градиме, да создаваме и да сакаме.Мандат во кој ќе се бориме за уште повеќе СРЕЌНИ и задоволни луѓе.
Ова не е само крај на кампања, ова е продолжување на нашата заедничка приказна.Приказна напишана со љубов, труд и верба.Да ја завршиме оваа трка со истата сила со која ја започнавме.Со истата љубов што ја чувствуваме кон нашиот град.
Затоа што, Крива Паланка-тоа сме сите ние! Крива Паланка-нашиот заеднички дом! Одиме храбро! Одиме заедно!
За вечерва, со почеток во 18:30 часот е закажан централен митинг на СДСМ на плоштадот во Крива Паланка.