На 16.11.2025 во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Крива Паланка.
При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
