УХМР со предупредување: Ноќва и утре обилен дожд

Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќва и утре особено во западните делови кога се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен.

Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието, соопшти УХМР.

Во Скопје, кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e