Денес ги поставивме темелите на православниот крст кој за големиот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица” ќе засвети над Крива Паланка – како симбол на вера, надеж и заедништво, соопшти денеска градоначалникот на Крива паланка Сашко Митовски.
Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на општината за генерации што доаѓаат, порачаа претходно од општината.
Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот празник Успение на Пресвета Богородица – 28 август.