Уапсен возачот кој прегази малолетничка во Скопје и избега

Уапсен е возачот кој во вторникот на улицата „Перо Наков“ удри во 11-годишно девојче и избега. Педесет и деветгодишниот возач Б.Р. е приведен вчера околу 19:30 часот.
Девојчето се здоби со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
– Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира денеска МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e