Уапсен возач на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e