Уапсен млад паланчанец, возел пијан

На 29.11.2025 година во 03:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. ,,Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, го лишија од слобода Л.Ц.(21) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „сеат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e