Уапсен маж од Виница – се обидел да изврши убиство со нож

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид” на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.

Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e