На 21.10.2025 во 15:29 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.М.(32) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека Џ.М. управувал патничко возило „опел“ со брзина од 112 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.