Уапсен 75-годишник со „ауди“ – возел пребрзо

Вчера во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e