На 14.09.2025 во 14:02 часот на магистрален пат Крива паланка – Куманово, кај село Гиновце, кривопаланечко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.П.(25) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека Д.П. управувал патничко возило „форд фокус“ со брзина од 105 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
На 14.09.2025 во 13:34 часот на локален пат за кичевското село Мамудовци од слобода е лишен Џ.Џ.(31) од селото Колари, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки и притоа констатирале дека тој го управувал со брзина од 101 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.