Пратеникот Благој Бочварски, најсериозен градоначалнички кандидат на СДСМ за Штип. Неговото име во јавноста се појави уште при првите партиски комбинаторики, а веќе се споменува дека тој ги минал речиси сите партиски филтри и најверојатно ќе ја трча градоначалничката трка за социјалдемократите во Штип, објави ТВ Стар.
Релативно младиот Благој Бочварски, во партиските кругови се наметна како експерт за градежништво, поради што беше именуван и за претседател на партиската Комисија за транспорт и врски, потоа за кратко си обезбеди место во новиот пратенички состав, а од неодамна е и потпретседател на СДСМ.
Со Бочварски како кандидат за пратеник, СДСМ во Штип на последните избори ја намали разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ од неколку илјади на само шестотини гласови.