На 19.08.2025 во 11:45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А.(53) од Република Турција, затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.
По целосно документирање на случајот против Ј.А ќе биде поднесена соодветна пријава.