СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К. (56) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 02.07.2025 на Граничен премин „Деве Баир“, на влез во државата, пријавениот, кој управувал товарно возило и влекач со турски национални ознаки, на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.