Тригодишно дете од Штип синоќа итно било хоспитализирано на Педијатриското одделение во штипската Клиничка болница, откако испитувањата покажале присуство на „бензодијазепам“ (седативи) во неговиот организам.
Според информациите од СВР-Штип, мајката (24) го донела детето во болницата претпладнето, по што лекарите веднаш реагирале поради симптоми на труење. Детето е задржано на опсервација под лекарски надзор. Полицијата и Центарот за социјални работи веќе работат на случајот за да се утврди како детето дошло во контакт со лековите и дали станува збор за невнимание или родителска негрижа.
