На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј.(30) и И.Н.(30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
