Кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски првото утринско кафе го испи со како што вели, нашите почитувани професори, столбот на нашето образование, на нашата образовна патека.
– Секојдневно ги слушаме нивните сугестии, предлози, тие се нашата водилка кон здраво и квалитетно образование. Го вративме достоинството и почитта кон професијата наставник, посочи Николовски.









– Имаме конкретна програма и јасен план за иднината на европска Македонија. Докажавме дека за нас дадениот збор важи. Имаме план и знаеме како да сработиме уште подобро, додаде тој.