Се огласи градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
– Огнот се обиде да ја проголта Крива Паланка. Но не успеа.
Зашто пред него стоеја ХЕРОИ – со срце поголемо од пламенот, со волја посилна од стихијата! Ова беше тежок и болен ден за нашиот град. Ден кога стравот висеше во воздухот, а секунда можеше да значи загуба. Но беше и ден на непокор, на заедништво, на човечка големина, порача тој.
-Од дното на срцето им благодарам на сите што лавовски се бореа – пожарникари, војници, полицајци, вработени во институции, волонтери, граѓани. Вие не спасивте сите нас. Вие сте живите штитови на оваа земја. Нашата сила. Нашата гордост. Нашата надеж.
-Со длабока тага и сочувство ја споделувам болката со семејството на трагично загинатиот наш сограѓанин.
Оваа загуба нè обврзува – никогаш да не заборавиме, и уште посилно да се бориме за животот, за заедницата, за секој човечки живот.
Нека почива во мир. Хероите постојат. И денес Крива Паланка ги виде во дело, порача тој на својот фејсбук профил.