На 14.05.2025 во 13.43 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Д.(43) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување на работни задачи во јавно претпријатие во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид.