Тешка сообраќајка во Скопје, загина 18-годишник

На 13.03.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(35) сите од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e