Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на селото Горни Полог, при што повеќе лица се повредени, а едно лице починало од здобиените повреди.
Според информациите од МВР, несреќата се случила во 09:18 часот, кога се судриле две патнички возила – „Рено“, во кое се превезувале четири лица, и „Фолксваген Поло“ со бугарски регистарски таблички, во кое бил само возачот.
Сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани, каде им била укажана лекарска помош. Еден од потешко повредените патници бил итно префрлен на скопските клиники, но подоцна им подлегнал на повредите, јавува Телевизија Кочани.
Според неофицијални информации, во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се здобиле со полесни повреди.