Прес конференција
Филип Темелковски, претседател на ОО СДСМ Кисела Вода
Скопје, 03.08.2017
“Додека граѓаните го очекуваат вториот квартален извештај за работата на општина Кисела Вода, добра прилика е да се потсетиме што општината сработе во првите месеци од оваа година.
Прво, од планираните средства наменети за капитални инвестиции, општината реализирала само поразителни 3,5%. Реализирани се нула капитални проекти во образованието, нула проекти за енергетска ефикасност и нула проекти за спорт. Со еден збор, општината не сработела ништо.
Второ, во делот на урбанистичко планирање, реализирани се нула денари од планираните 30 милиони денари. Тоа покажува дека општинското раководство и градоначалничката немаат капацитет да ги приберат финансиските средства и да ги реализираат проектите.
Да биде состојбата уште полоша, вкупниот долг на општината постојано расте. Денес, долгот на општина Кисела Вода изнесува 3 милиони еврa.
Почитувани,
Катастрофалната реализација на буџетот е резултат на недомаќинско и непланско работење на градоначалничката Билјана Беличанец, а извештајот е еден од најлошите извештаи во историјата на општината.
Овие официјлани податоци се доказ за неспособна и неефикасна локална власт каква што граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат. На локалните избори ќе се случи промена и граѓаните ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ што ќе работи ефикасно, домаќински и во интерес на граѓаните”, вели Темелковски.