Студиска посета од Суботица во Куманово

Во рамки на регионалната програма за мобилност на млади, здружението Граѓански Центар АктивУм беше домаќин на две претставнички од Центарот за локална демократија од Суботица од Србија кои престојуваа во Куманово во рамки на проектот „Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан“, информираа денеска од здружението.

Целта на програмата за мобилност е запознавање со локалниот контекст и локалните младински иницијативи поврзани со вработување, успешните модели на претприемништво и соработка со локалната самоуправа, и стекнување практични вештини за претприемништво и самовработување преку работа со менторство.

98874f80-674e-4946-bf69-ec4625ec744c
Во рамките на програмата учесничките остварија средба и прием во Општина Куманово каде се запознаа со локалните политики и иницијативи на канцеларијата за млади, одделението за локален економски развој, одделението за животна средина и одделението информатичка технологија.
– Задоволни сме од посетата, од богатата и исполнета програма во Куманово. Покрај општината, ги посетивме и младинскиот Центар за интеркултурен дијалог, Фондацијата за култура и спорт, дознавме како функиционира градот, како се работи со младите, кои се недостатоците на системот и како се работи на нивно унапредување. Посебно беше инспиративна успешната приказна на женско претприемништво на Јана Цветковска Лазаревска со нејзината грижа за здравјето и животната средина. Голем впечаток ни остави и посетата на Јавна Соба – Центарот за дизајн и иновација во Скопје каде младите претприемачи и фриленсери се собираат, работат, разменуваат искуства, како и здружението „АРНО“ кое помогна нашите идеи да се развијат во конкретни социјални бизнис модели, изјави Јулијана Патарчиќ од Центарот за локална демократија, Суботица.

75036a82-1daf-490e-a39e-f962548aab82
Учесничките во програмата заедно со менторите од здружението “АРНО” работеа на развивање на претприемачки вештини преку работа на социјален бизнис канвас модел, спремање на презентација/pitch, и дискусија на фидбекот од групата и менторите.
– Домаќините се потрудија да од најдобрите професионалци дознаеме како се основа и води успешен бизнис. Благодарни сме на „АктивУм“ за гостопримството и целокупната програма, и на сите учесници и добри луѓе кои се потрудија да нашата посета биде пријатна и мошне корисна, изјави Андреја Рајновиќ од Суботица.

897c2b65-8cb5-4d37-a4a7-2c1632f6bc48
„Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан” е заеднички проект на Центарот за локална демократија од Суботица, Агенцијата за локална демократија од Никшиќ и Граѓанскиот Центар Активум од Куманово.

Проектот е поддржан од Регионалната Програма за Локална Демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (EU), и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e