Младоста ми дава енергија да бидам градоначалник достапен за граѓаните, да се фатам за гуша со решавање на проблемите и без калкулација да им застанам на патот на градежната мафија на Јакимовски и на Груевски.
Огромен е бројот на луѓе што приоѓаат и кои се вклучија во креирање на програмата, а ќе се вклучат и во кампањата. Целта е од Карпош да направиме општина во која граѓаните, а не политичките елити, ќе ги дискутираат приоритетите.
Парламентарецот од социјалдемократските редови Стефан Богоев е амбициозен, образован и успешен млад човек, кој ја претставува новата генерација македонски политичари, необременета и неинхибирана од стереотипи од минатото, туку посветена на теми од животно значење за граѓаните и за перспективите на Македонија. Пошироката јавност го запозна поодблиску од собраниската говорница, од протестите на „шарените“ и од гласните и жестоки критики кон претходната власт. Избран за пратеник во 2014 година, на возраст од 24 години, со актуелна претседателска функција на младите социјалдемократи, со веќе десетгодишно искуство на политичката сцена, а неговото портфолио е препознатливо и по издигнувањето на површина на прашањата од значење за младите. Како стипендист поради високиот академски просек, дипломирал бизнис-администрација на англиски јазик, а во моментот е магистранд по применета економија.
Интервјуто на Богоев за Слободен Печат можете да го најдете на следниот тука