Стартува изградбата на улицата “Вршачка” во Крива Паланка

Денеска во Крива Паланка вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општината, Борјанчо Мицевски, и директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, го одбележаа почетокот на изградбата на улицата “Вршачка” во населбата Долно Грамаѓе, чија реализацијата е со поддршка на ТАВ програмата.

1

-Нашата цел е јасна – рамномерен регионален развој и подигнување на животниот стандард. Ова се проекти директно за граѓаните, за подобри услови за живот во секоја општина, затоа што развиени општини значат и развиена економија, порача Николовски.

3
Вкупната инвестиција изнесува близу 150.000 евра, а новата улица ќе биде пуштена во употреба за еден месец. Општина Крива Паланка преку ТАВ програмата ќе добие поддршка и за изградба улици во населбите Чивлик и Мизовски ливади, за што вкупната поддршка заедно со улицата “Вршачка” е околу 465 илјади евра.

4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e