Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на 56-годишна возраст од Пожаревац, Република Србија, информираа од СВР Охрид.
Случајот бил пријавен во 19:41 часот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Полицијата продолжува со истражување на случајот за целосно утврдување на сите околности.