Сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка: Тешко повредено едно лице

На 01.06.2024 околу 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка и земјен пат што води кон с.Облавце, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(55) од с.Облавце и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e