Сообраќајка меѓу две товарни возила на магистралата Куманово – Крива Паланка

Поради судир на две товарни возила на патниот правец Куманово – Крива Паланка, кај населеното место Стамболици, вчера во целосен прекин беше сообраќајот на магистралата А2.

Од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека поради сообраќајка што настанала нешто по десет часот вчера претпладне сообраќајот во двата правци е во прекин.

Портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска, рече дека екипите на МВР биле на терен и вршеле увид на лице место, и дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки.

Детали за сообраќајката се очекуваат во текот на денов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e