Смртно прегазен велосипедист во Гостивар

Седумдесет и шестгодишен гостиварец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска напладне во центарот на Гостивар.

Несреќата се случила околу 12:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Илинденска” и „Седек Костовски”. Товарно возило „мерцедес“, управувано од 44-годишниот Х.М., удрило во велосипедот што го возел возрасниот И.М. (76).

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, повредениот велосипедист итно бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, но за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e