СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради сомнение за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Според полицијата, на 20 ноември 2025 година осомничениот од лажен профил на социјална мрежа испраќал пораки со експлицитни фотографии и видеоснимки на малолетничка.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. Против него ќе следува соодветна кривична пријава.
