Скопје: Снаа ја пријавила свекрвата во полиција

Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициското одделение Шуто Оризари по поплака од нејзината снаа за долгогодишно вознемирување и навреди.

Според информациите од полицијата, на 7 март 2026 година во 16:00 часот полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.

Како што е наведено во пријавата, во текот на изминатите две години пријавената постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички ја нападнала.

При извршување на службените дејствија, жената се однесувала агресивно и кон полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e