Лишен од слобода скопјанец, возел пијан, со активна забрана за управување, а и возилото било нерегистрирано.
Денеска (03.09.2025) во 01:45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта. При увид во личната документација, било констатирано дека имал впишана активна мерка „забрана за управување со моторно возило од категорија Б“ во возачката дозвола, а возилото што го управувал било со измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирано моторно возило). Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Претходно, на 02.09.2025 во 23:00 часот во Полициската станица Аеродром, каде бил да пријави странски државјани, Б.Н., агресивно се однесувал кон полициските службеници, за што исто така ќе му биде поднесен соодветен поднесок.