Скопјанец иселен од домот – со нож се заканувал на синот

Министерство за внатрешни работи утрово соопшти дека е изречена итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство.

Како што информираат од Единица за насилен криминал при Сектор за внатрешни работи – Скопје, вчера е поднесено барање до Основен граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом на Љ.Б.. Инцидентот се случил на 9 март околу 22:30 часот во Кисела Вода, Скопје, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани со остар предмет кон својот 35-годишен син.

Судот донел решение со кое на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му е изречена итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот, со времетраење од 30 дена.

Полицијата апелира до граѓаните да пријавуваат секој случај на семејно насилство и нагласува дека ваквите мерки се преземаат за заштита на жртвите и превенција на понатамошна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e