Шестиот ден на „Струмица опен фестивал“ во знакот на Сузана Мицева и Дарко Лешоски

Синоќа, во прекрасниот амбиент крај езерцето, во градскиот парк, во рамките на програмата на „Струмица опен фестивал“, љубителите на литературното творештво имаа убава можност да се дружат со творештвото на познатиот млад македонски литерат Дарко Лешоски и на роднокрајната поетеса Сузана Мицева. На вечерта на поезија, Лешоски и Мицева споделија со присутните дел од своето најново творештво, а за нив зборуваше поетесата Вања Изова Велева. По овој настан следуваше „Вечер на филм“, во кој струмичките филмофили, во летниот амфитеатар, уживаа во филмското партнерство на актерите Рајан Гослинг и Расел Кроу.
Вечерва, на програмата на седмиот фестивалски ден на СОФ, ќе се случи концертот „Александра Јанева и пријателите“, на кој покрај струмичката и македонска поп ѕвезда, ќе настапат и Ристо Самарџиев, Антонија Гиговска, Панче Илиев Касапски и Иле Спасев.

20708099_1376514102402016_7943416003814504233_n

20664184_1376514189068674_4235759262457547036_n

20708502_1376513935735366_659361583891332852_n

20663915_1376513979068695_2252360889872053574_n

20638410_1376513929068700_8518485997303895501_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e