Шест лица повредени во сообраќајка на патот Охрид – Струга

Синоќа во 22 часот и 30 минути на регионалниот пат Охрид – Струга – село Радожда, во близина на мост на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа меѓу патнички возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(34) од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од охридското село Љубаништа.

– Притоа, возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот Т.П.(33) од Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, појасни Димоски.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e