Потрагата по Миле Тодоров од Кавадарци сè уште трае, откако тој е пријавен како исчезнат на 30 јануари 2025 година.
Неговата сестра, Марија Атанасиевиќ, се огласи на социјалните мрежи со апел до јавноста. Според сведоштва на очевидци, Миле наводно бил забележан како се движи покрај планината Серта.
Сестрата на Миле апелира до сите граѓани кои се движат во овој регион и забележат лице со ваков опис, веднаш да пријават во полиција.