На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг.
Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.