Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски со добра вест за сите родители на првачиња од општината.
– За сите првачиња доделуваме по 3000 денари од буџетот на општината, за среќен почеток на учебната година.И уште еден подарок за cекое прваче – училишен ранец од познат бренд “Таргет”, обезбеден како донација од локална фирма. Се грижиме за нашите најмлади, инвестираме во дечињата, во првачињата, иднината на општината, објави тој на социјалните мрежи.