Кумановските пожарникари интервенирале на пожар во стан на улицата „Димитрије Туцовиќ“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Во пожарот нема повредени лица.
-Територијалната противпожарна единица интервенирала од 10: 55 часот на пожар во стан на улица. Димитрие Туцовиќ“. Пожарот е успешно локализиран во 12:45 часот, со една екипа и едно противпожарно возило- соопшти РЦУК Куманово
Интервенирала и екипа на Итна помош Куманово, кај постаро лице поради стрес, по што лицето е пуштено дома.
