Се судрија возило на МВР и такси во Скопје: Повредени двајца

На 15 март околу 23:40 часот во полицијата било пријавено дека на улицата Крушевска Република во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Во незгодата учествувале патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од село Нова Брезница, скопско, и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.П. и неговиот сопатник А.Н.(29) од Скопје, констатирани на Комплексот клиники Мајка Тереза.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e