Се одржа традиционалната трка на дедомразовци

Традиционалната Дедомразовска трка се одржа денеска во Скопје, на која стотина учесници во дедомразовски костуми трчаа во центарот на главниот град.

Должината на патеката беше два километри. Стартот и финишот на трката се на Плоштадот Македонија, а се трчаше кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.

Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e