Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 04.09.2017
Почитувани граѓани,
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го честита почетокот на учебната година и на сите ученици, наставници и професори им посакуваме многу успех.
Наставниците, учениците и нивните родители годинава ќе бидат ослободени од стресното екстерно тестирање што Владата предводена од СДСМ го укина уште во првите денови од мандатот.
Што се однесува пак за општина Велес, за жал и оваа учебна година велешките училишта ќе ја започнат со огромни долгови на училиштата.
Чадиев треба јасно и гласно да излезе пред граѓаните, да биде транспарентен и јавно да каже што направил за долговите на образовните институции да се намалат.
Оваа учебна година исто така започнува со вистината дека Општината не реализирала ниту една капитална инвестиција за културата и творештвото, за библиотекарството, за основното и средно образование, во првите шест месеци од 2017 година.
Граѓаните не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна локална власт.
Долговите на училиштата се само еден од многуте докази за неспособноста на локалната власт. Има уште многу што ќе се каже во наредниов период за поразителните остварувања на Чадиев и ВМРО ДПМНЕДолг кој што изнесува над половина милион евра.
Но, ако граѓаните се фокусираат само на овие два податока за тоа како започнува новата учебна година, јасно е дека ќе го казнат ваквото владеење на Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ и на претстојните локални избори ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, којашто одговорно ќе раководи со општината.