СДСМ Велес: Неспособноста на локалната власт ги зголеми долговите на Општина Велес

Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 30.08.2017

Почитувани,

Остварените финансиски резултати на Општина Велес за првите шест месеци од оваа година, само ја потврдуваат реалната лоша состојба за којашто алармиравме подолго време.

Доспеаните, а ненамирени обврски достигнаа рекордно највисоко ниво до сега и изнесуваат над 86 милиони денари, додека реализацијата на приходите на буџетската сметка е поразителна и изнесува само 24%.

Капиталните инвестиции на општината се со многу низок процент на реализација, а урбанистичкото планирање има само 1% реализација. Реализацијата на инвестициите за изградба и реконструкција на локални патишта и улици се со 11%, а проектите за енергетска ефикасност се со 0% реализација. Со 0% реализација е и изградба на сообраќајна сигнализација, како и изградбата на паркинзи.

Истовремено. Општината не реализирала ниту една капитална инвестиција за заштита на житвотната средина и природата, за културата и творештвото, за противпожарната заштита, за библиотекарството, за основното и средно образование.

Почитувани граѓани,

Овие поразителни бројки се јасен доказ за неспособноста и неодговорноста на Општината предовдена од Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна локална власт. Затоа, граѓаните ќе го казнат ваквото владеење на Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ и на локалните избори ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ којашто одговорно ќе раководи со општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e