СДСМ Велес: Граѓаните на Велес паметат што се не направи Чадиев за општината

Прес конференција ОО СДСМ Велес
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 07.09.2017
Почитувани граѓани,

На само неколку дена пред почетокот на кампањата за претстојните локални избори, на Чадиев и ВМРО ДПМНЕ им текна да ја средуваат улицата Родна Ивева и улица во село Клуковец.

Осум години се на власт, за оваие улици не најдоа време. Но, пред избори, за да се покажат пред граѓаните, решија да сработат нешто.

Ваквиот однос на Чадиев и ВМРО ДПМНЕ на граѓаните на Велес не им носи ништо добро. Тоа го коментираат и самите граѓани.

СДСМ уште еднаш го потсетува Чадиев на законската обврска која ја има кога се веќе распишани локалните избори.

Потсетуваме дека за секое прекршување на законите ќе бараме одговорност.

Остварувањата на Чадиев и ВМРО ДПМНЕ за овие четири години се поразителни и ниту едно започнување на градежни работи пред избори не ќе може да го покрие неговото катастрофално слабо работење.

Да градиш пред избори, во пет до дванаесет, значи потценување на граѓаните, кои многу добро паметат што направија, поточно речено, што се не направија, а имаа можност да направат челниците на ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна локална власт.

Затоа, на претстојните локални избори, граѓаните ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, којашто одговорно ќе раководи со општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e