Прес конференција
Митко Керов, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Кавадарци
Кавадарци, 06.04.2017
Почитувани граѓани,
Новата реколта веќе започна, а земјоделците сеуште ги чекаат субвенциите за 2016 година, што им следуваат по закон. Доцнат и субвенции за 2015 и 2014 година. Земјоделците немаат пари за да го поминат месецот, а веќе мора да прават нови вложувања.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните, туку само за своите криминални бизниси и нафтени платформи. Затоа го блокира Собранието, затоа Ѓорге Иванов не го дава мандатот за состав на нова реформска Влада на граѓаните. Затоа ги лаже земјоделците преку смени на директори во Платежната агенција и преку префрлање на топката меѓу агенцијата и Министерството за финансии.
Земјоделците можат да добијат субвенции само од новата реформска Влада.
Да имаше нова Влада, земјоделците веќе ќе ги имаа добиено субвенциите, а ќе можеа да ја користат зелената нафта која е 50 отсто поефтина од досегашната. Со нова Влада земјоделците ќе добиваат и повисоки субвенции.
Затоа мора итно да се одблокира работата на парламентот, да биде избран претседател на Собранието и нова реформска Влада која ќе се грижи за сите граѓани.