Изјава за медиуми, ОО СДСМ Битола
Горан Козаров, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ
Битола, 04.08.2017
Почитувани,
Додека трае 11-то издание на Битфест, граѓаните се уште немаат информации колку точно пари чини организацијата и одржувањето на овој фестивал.
Според неофицијални информации, фестивалот во претходните го¬дини чинел помеѓу 400 и 500 000 евра годишно. Сепак, ова не се официјално потврдени информации бидејќи градоначалникот Владимир Талевски и општинското раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не даваат отчет за Битфест.
Доколку сумата од 500 000 евра е веродостојна, тогаш за сите воие години одржување на Битфест се потрошени најмалку 5 милиони евра пари на граѓаните, а можeби и повеќе. Ова е сериозна сума на пари со која можат да се реализираат повеќе капитални прокети во општината како покриен базен, Планинарскиот дом Копанки, гасификација на Битола и ред друго. Затоа, неодговорно е граѓаните да не знаат колку точно пари за која намена се потрошени во изминативе години за Битфест.
СДСМ Битола нема ништо против вложување на пари во културата. Битола беше и треба да е град препознатлив по културата, како што бил низ историјата – Град на клавирите и конзулите, културата е составен дел од животот на битолчани. Но културата, исто како и општинскиот буџет, им припаѓа на сите граѓани и затоа граѓаните заслужуваат квалитетни и ефикасни проекти, но и отчетна и домаќинска локална власт.
По промените на локланите избори, Битола ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ која ќе изврши комплетна ревизија на досегашното НЕ наменско трошење на пари за БИТФЕСТ и ќе спроведе низа на проекти преку кои ќе го врати културниот сјај и животот во Битола.