Родители на деца од градинка “Детелинка” од Кр.Паланка: Не тераат да се потпишеме против воведување на втора смена

До редакцијата на И-Портал пристигнаа голем број на поплаки од родители на деца кои се жалат дека од детската градинка “Детелинка” во Крива Паланка врз нив се врши огромен притисок да го стават својот потпис на нешто со што не се согласуваат.

Родителите сведочат дека телефонски биле контактирани и им се давани списоци на кои стоеле нивните имиња каде требале да го стават својот потпис, дека наводно се против воведување на втора смена во градинките.

Родителите на децата, потресени од ваквиот однос од страна на вработените, реагираат дека биле уценувани со тоа што ако не се потпишат против одлуката на владата ке им бидат отпишани децата.

Градинката “Детелинка” е раководена од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е позната по вршењето притисок врз одредени категории на граѓани и правење списоци за тесно партиски интереси.

Инаку, одлуката на владата за воведување двосменско работење во градинките наиде на позитивни реакции од јавноста и од самите родители, па затоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнаоѓаат разни начини како да го спремат нејзиното реализирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e