Разорна експлозија во куќа во охридско Велгошти, повредена жена

Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Велат дека експлозијата била предизвиката од зголемена концентрација на плин.

„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност.

Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, велат од ТППЕ Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e